Јужнокорејската компанија Samsung поднесе неколку барања за различни патенти на флексибилни телефони. Еден од нив вклучува dual-screen телефон, со две куќишта, кој може да се свиткува под различни агли, а деловите заедно ги држи магнетна сила.
Се работи за релативно нов патент, кој е пријавен во мај 2018. година, а одобрен му е на Samsung на 29. ноември од страна на WIPO организацијата. Сега сајтот LetsGoDigital ни донесува ексклузивни рендери, кои покажуваат како би можел да изгледа телефонот, а базирани се врз основа на скиците од споменатиот патент.
Патентираниот уред на Samsung има две одвоени куќишта, секое со речиси full screen екран. Кога во целост ќе се расклопи, се добива телефон со големина на таблет. Покрај ова, уредот може да свитка на начин, дисплеите да се насочени кон надвор.
Генералните податоци, статус бар на батеријата и силата на сигнало, се прикажани на левиот дисплеј. Овој екран исто така може да ја прикажува тастатурата, а содржината потоа ќе се прикажува на другиот екран.
Поврзани артикли