Откако WhatsApp најави воведување на реклами во статусите, сега е познат и датумот кога тоа ќе се случи, пишува Metro.
Поради новите промени, компанијата ја напуштија нејзините соосновачи Brian Acton и Jan Koum, но и менаџерот Neeraj Arora.
“Времето лета, но остануваат сеќавањата. Тешко е да се поверува дека поминале седум години откако Брајан и Јан ме вработија во WhatsApp. Тоа беше едно пеколно возење. Благословен сум што работев со многу талентирани луѓе кои се способни да создадат нешто што ќе го сакаат милиони луѓе”, напиша меѓу останатото Neeraj Arora.
Новото ажурирање се вика “реклами во статусите” и ќе се појавува помеѓу новите статуси. Тие се многу слични на Instagram Stories или Snapchat приказните и им овозможуваат на корисниците на објавуваат снимки, фотографии или гифови, кои исчезнуваат по 24 часа.
Од Facebook велат дека моментно 450 милиони корисници на WhatsApp ги користат статусите, додека апликацијата вкупно има 1,5 милијарди корисници.
Според зборовите на еден од соосновачите на оваа компанијата, Biran Action, рекламите ќе почнат да се појавуваат во статусите на почетокот на 2019. година.
Поврзани артикли