Сателит со српско знаме не е научна фантастика, туку реалност и нашиот северен сосед има големи шанси во блиска иднина да го оствари тоа, уверена е Ања Накарада Пачуљиќ, докторант по вселенско право во Келн.
Таа е основач на фондацијата „Српски залог за вселената“, а за „Политика“ вели дека трошоците за лансирање сателит не се толку астрономски.
Вели дека во разговор со луѓето од Европската вселенска агенција, дознала дека ако некоја земја сака да лансира сателит во научни цели, тоа може да го направи кога другите земји лансираат други сателити и тоа бесплатно.
Таа појаснува дека Србија тука има шанса, па може да прати мал сателит, наречен кјубсат, и да се „шлепа“ на лансирањето на некој голем странски сателит. Русија, Јапонија, Индија и американска НАСА ги охрабруваат земјите да лансираат свој прв сателит. Во моментот 10 земји можат да пратат автономен сателит во вселената.
Користа од ваков сателит би била повеќекратна, може да се надглдува секоја педа од земјата, да се следи климата и друго.
Таа вели дека вселената не е ексклузивно право само на некои земји, туку на цело човештво и тоа е признато со вселенското право.