На работодавецот просечно му требаат 10 секунди за да отфрли нечија куса биографија, а најчесто причина за тоа се скриените важни детали, но и дизајнот.
Затоа, програмерите Ендрју Стеценко и Александра Доси ја создадоа апликацијата „Си‑ви Компајлер“ , што знае како да го истакне она што е важно во поднесениот документ, за тој да привлече внимение и да му се допадне на работодавецот.
Концептот е едноставен… Програмата ја проверува кусата биографија, па посочува начини како таа да изгледа подобро, што треба да се додаде и отстрани итн. Работи со помош на алгоритам кој користи датотека од голем број куси биографии прикачени на интернет и по принцип на препознавање клучни зборови.
Програмата е создадена како неизбежен дел од проширувањето на пребарувачот Chrome, и треба да им помогне на корисниците подобро да ја разберат современата компјутерска терминологија