Пред неколку месеци се појави необичен Tesla iPhone X, со вграден соларен полнач и единствен дизајн, по цена од преку 4.000 долари. Сега веб-страницата MacRumors еден ваков телефон имаше на тест во живо.
Според наводите на компанијата Caviar, која ја дизајнираше оваа верзија на уредот, Tesla iPhone X го доби името бидејќи соларниот панел за полнење и батеријата кои се вградени во телефонот се инспирирани од Елон Маск. Освен името и соларниот дизајн, нема други асоцијации на компанијата Tesla.
Соларниот полнач за Tesla iPhone X не е куќиште или самостојна батерија – тој е вграден директно во задниот тел на телефонот. Соларниот додаток е 2300 mAh батерија, која може да го полни телефонот, а самата батерија се полни со помош на сончева енергија или преку USB.
Кога ја користи сончевата енергија, на батеријата и се потребни околу 30 часа да се наполни, а кога сте дома, за само неколку часа можете да го наполните телефонот со помош на магнетен кабел за полнење.
Уредот стигнува и со слушалки, Lightning кабел и адаптер за ѕид како стандардните iPhone модели, но нуди премиум искуство на отпакување, какво и што се очекува од телефон со цена од 4.400 долари.