Компјутерски модел развиен од истражувачи на Универзитетот во Вајоминг покажал извонредна прецизност и ефикасност при идентификувањето на диви животни на фотографии направени во Северна Америка, пишува Science Daily.
Овој пробив на вештачка интелигенција, како што е наведено во документот објавен во научното списание за методи во екологија и еволуција, се смета за значаен напредок во заштита на дивиот свет. Компјутерскиот модел сега е достапен во софтверски пакет за Програмата Р, широко користен програмски јазик и слободен софтвер за статистички компјутери.
“Способноста за брзо идентификување на милиони слики од камерата може фундаментално да го промени начинот на кој екологистите ги дизајнираат и спроведуваат студиите за дивиот свет“, вели студијата, чии водечки автори се истражувачите од Одделот за зоологија и физиологија при Универзитетот во Вајоминг, Мајкл Табак и Рајан Милер.
Студијата се базира на истражувањата на Универзитетот објавени претходно оваа година во Зборникот на Националната академија на науките (PNAS), во кој компјутерскиот модел анализираше 3,2 милиони слики направени од камера во Африка, во рамките на научниот проект наречен Snapshot Serengeti.
Техниката на вештачка интелигенција ги категоризира животните на сликите со стапка на точност од 96,6 отсто – истата стапка која што ја постигнале и тимови на волонтери.
Поврзани артикли