Garmin Instinct е вистински часовник за љубителите на природата, но и за оние кои малку потешко се ориентираат и знаат да се загубат.
Изработен според војни стандарди (MIL-STD-810G) за отпорност на топлина, шок и вода (оценето на 100 метри) со полимерно куќиште со засилени влакна, неговиот екран е хемиски засилен и отпорен на гребнатини, а истовремено едноставен за читање, посебно на директна сончева светлина. Освен тоа, целосно проѕирните силиконски ремени соржат два посебни прстени за да се осигура добро прицврстување.
Со вградениот сензор за мерење на отчукувањата на срцето, овозможува следење на активностите, стресот, сонот и останатите wellness активности. Instict ја следи брзината на отчукување на срцето, бројот на чекори, поминатата далечина, потрошените калории и многу друго. Пешачење, трчање, возење велосипед, пливање, кајак и скијање се само некои од активностите кои ги поддржува овој уред.
Може да го следи нивото на стресот, за да бидете посвесни кога физичките или емоционални извори можат да предизвикаат раст на нивото на стресот.
За оние кои сакаат да истражуваат низ природата, Instict содржи повеќекратен систем на сателити од глобалната мрежа, со цел што е можно подобро да помогне во следење на локацијата во тешки опкружувања.
Со помош на апликацијата Garmin Explore за планирање на патувања и функцијата TracBack секој без страв може да отиде на планина или во природа и да биде сигурен дека ќе го пронајде патот назад.
Кога е спарен со паметниот телефон, може да прима паметни известувања, како што се текстуалните и мејл пораки и други предупредувања.
Поврзани артикли