Владата на рускиот претседател Владимир Путин подготви предлог на новите прописи и им го испрати на технолошките компании за да ги слушне нивните повратни информации. Во овој предлог се наведуваат поостри казни за кршење на локалните закони за работење и слобода на говор на интернет, кои секако се меѓу построгите во светот.
Имено, Русија од интернет компаниите како Google или Facebook, според своите закони може да побара отстранување на содржини, резултати на пребарување и слично, а може да бара и на истражните органи да им се предадат енкрипциски клучеви за декриптирање на комуникациите на руските корисници.
Но, до овие правила технолошките џинови понекогаш не се придржуваат, па власта на Путин науми построги прописи и казни. Наместо досегашните казни во висина од неколку илјади долари и блокирање на одредени страници и сервиси, според новиот закон, секоја компанија која ќе биде фатена во прекршок би можела да биде казнета доста подрастично. Ројтерс известува дека во предлогот стои дека казните можат да изнесуваат до 1 процент од вкупниот годишен приход која одредена компанија ја остварува во Русија.
На примерот на Google, максималните казни со новата пресметка би се зголемиле од околу 10.500 долари на дури 6,8 милиони американски долари.
EXCLUSIVE: Russia plans to impose stiffer fines on technology firms that fail to comply with Russian laws – sources https://t.co/Lu9sKMOwGU pic.twitter.com/5EJorRr6N4
— Reuters (@Reuters) November 26, 2018
Поврзани артикли