Најголемиот процент од купувачите на нови модели паметни телефони, својот уред го бираат исклучиво според сопствените кориснички навики и начинот на користење, покажуваат резултатите на анкетата на сајтот Android Authority.
Иако тоа можеби звучи логично, постои значаен процент на оние потрошувачи кои во контекст на купувањето на нови паметни течефони се одлучуваат да се потпрат на советите на пријателите, на самото име на производителот или на агресивноста на рекламата.
Како што пренесува Android Authority, 40 проценти од купувачите својот нов уред го бираат исклучиво врз основа на сопствените преференци. Околу 24 проценти од нив одлуката ја донесуваат врз база на компаративните тестови помеѓу повеќе уреди.
Единаесет проценти од купувачите купуваат на основа на својата финансиска способност, додека 19 отсто од нив, нови телефони купуваат врз основа на препораките од специјализираните медиуми.
Само еден процент од потрошувачите својата одлука им ја оставаат на упатените пријатели, додека пет проценти имаат некоја друга причина која не е наведена во анкетата.