Microsoft во последно време постигнува одлични финансиски резултати и тоа заедно од падот на вредноста на акциите на Apple доведе до тоа сега компанијата од Редмонд да е највредна на светот.
Во текот на летото доста се пишуваше за Apple како прва компанија, чија вредност надминала билион американски долари.
Цената на акциите на Apple тогаш изнесуваше 207 долари за потоа да скокне на сума од 231 долари, но потоа беа претставени годинашните iPhone уреди, кои се чини не ја доживеаја популарноста во јавноста која ја очекуваа во компанијата од Купертино (посебно што се однесува до побарувачката на воведниот модел iPhone XR).
Оваа недела тоа значајно влијаеше на финансиските резултати на Apple, па вредноста на нивните акции падна на 172,2 долари, што значи дека вкупната вредност на акциите на компанијата падна на износ од 746 милијарди долари.
Од друга страна, тука е компанијата од Редмонд, која во последно време бележи многу добри финансиски резултати и сега вреди 753 милијарди долари (најмногу поради своите cloud удлуги.)
Значи, Microsoft го замени Apple на позицијата највредна компанија на светот, а се очекува дека и компанијата од Редмонд во скора иднина би можела да ја надмине вредноста од еден билион долари.