Microsoft неодамна објави нови кумулативни ажурирања за Windows 10, а достапни се и за Windows 10 October 2018 Update (верзија 1809) и April 2018 Update (верзија 1803), со неколку исправки и подобрувања.
Сега компанијата објави документација за најновите апхдејти, а Microsoft ги признава проблемите кои се јавуваат во Windows Media Player. Според ажурираната документација, постои нов баг во Windows 10 кој негативно влијае на искуството на користење на Windows Media Player.
Microsoft веќе престана со развој на WMP, но програмата и натаму е достапна во Windows 10. Плеерот повеќе не се користи од голем број корисници, но и натаму постојат такви кои одбиваат оваа програма да ја заменат со понови и понапредни сервиси.
Постои уште еден познат проблем со најновиот Windows 10 (верзија 1809) апдејт, каде корисниците не се во можност да ја подесат одредена аплиакција за специфични фајлови.
Поврзани артикли