Apple повторно почна со призводство на моделот iPhone X поради слабата побарувачка за најновиот модел XS и X MAX, тврди порталот Wall Street Journal.
Овој потег е резултат од договорот со Samsung кој подразбира купување на одреден број на OLED панели.
Со оглед на тоа дека овогодинешните модели со OLED дисплеи не се продаваат во доволен број за да се исполнат условите на договорот, извештаите тврдат дека Apple се враќа кон стариот модел како потенцијално решение.
Apple престана со производство на моделот iPhone X веднаш после претставувањето на новите модели.
iPhone X е поефтин за производство од моделите XS и XS MAX, бидејќи е постар и сите компоненти и опрема за производство имаат пониска цена.
Овие вести се појавија откако протече извештајот дека Apple има проблеми со продажбата на сите три нови модели.
Извор: Telegraf.rs