Истражувачите открија огромен комплекс од 200 милиони насипи со термити во североисточниот дел на Бразил, кој може да датира пред 4.000 години и опфаќа површина колку Велика Британија.
Иако се видливи на Google Earth, конусните насипи, од кои некои се високи до 10 метри, во голема мера се скриени од погледот со густи и трнливи шуми.
Овие насипи биле формирани од еден вид термит што ископал распростанета мрежа на тунели што му овозможиле пристап до гнилите листови за да јадат безбедно и директно од земјата“, вели истражувачот Стивен Мартин од британскиот Универзитет „Салфорд“.
„Количината ископана почва е еквивалентна на 4.000 големи пирамиди во Гиза и претставува една од најголемите структури изградени од еден вид инсекти“, додава тој.