Иднината на мобилниот интернет пристигна во Виена, поточно пред зградата на градското собрание. Градот Виена во соработка со најголемите австриски оператори на мобилен интернет, A1 Telekom Austria, T-Mobile Austria и Hutchinson Drei, таму ја тестира новата 5G технологија.
Првото јавно тестирање на 5G мрежа во Виена беше направено на 20 ноември на плоштадот пред градското собрание. Со ова иднината на мобилната технологија за Виена стана реалност. Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг, изјави дека Виена сака да стане водечки европски град кога е во прашање дигитализацијата и дека градот ќе направи се за сите граѓани да се вклучат во тој процес. Предуслови за тоа се соодветната техничка инфраструктура и добрата соработка на Виена со мобилни компании.
5G мрежата овозможува поголемо оптоварување на Интернетот, па Виена се одлучи да ја тестира на локацијата каде се одржува Божиќниот пазар, кој го посетуваат многу луѓе. Мрежата може да ја користи секој, а за да се пристапи до неа не се потребни никакви додатни уреди.
Со овој пилот-проект Виена сака навреме да се подготви за идните услуги кои ќе им ги нуди на своите граѓани и компании, кои имаат потреба од одличен проток на информации као што е HDTV стриминг и Internet of Things. Тестирањето беше направено во соработка со компаниите A1 Telekom Austria, T-Mobile Austria и Hutchinson Drei.
Поврзани артикли