Kомпјутерски интерфејс кој им овозможува на лицата со парализа да користат таблети

Таблетите и другите мобилни компјутерски уреди се дел од секојдневниот живот, но нивното користењето може да биде многу тешко за луѓето со парализа, пишува Science Daily. Новото истражување од страна на конзорциумот BrainGate покажува дека мозочно-компјутерскиот интерфејс (BCI) може да им овозможи на луѓето со парализа директно да ракуваат со таблет уредот, преку употреба на мислите за правење на движења на курсорот и кликнување.

Во студија објавена на 21 ноември во PLOS ONE, три учесници во клиничкото испитување со тетраплегија, од кои секој го користел BrainGate BCI интерфејсот, била регистрирана нервна активност која доаѓала директно од еден мал сензор сместен во моторниот кортекс, кој можел да се движи низ најчесто користените програми за таблети, вклучувајќи апликации за е-пошта, разговор, стриминг на музика и споделувања на видеа.

Учесниците испратиле пораки до семејството, пријателите, членовите на истражувачкиот тим и нивните колеги учесници. Тие сурфаа на интернет, ја проверуваа временската прогноза и купуваа онлајн, а еден од учесниците, музичар, успеа да отсвири и дел од “Одата на радоста“ на Бетовен, на дигитален пијано интерфејс.

“Со години, соработката со BrainGate работи на развивање на невронски мрежи и невроинженеринг знаење кое им овозможува на луѓето кои ги изгубиле моторните способности да ги контролираат надворешните уреди само со размислување за движењето на сопствената рака“, рекол Џами Хендерсон, автор на трудот и неврохирург од Универзитетот Стенфорд.

“Во оваа студија, го искористивме знаењето за тоа како да им ја вратиме способноста на луѓето за тие да можат да ги контролираат истите секојдневни технологии што ги користеле пред почетокот на нивната болест. Беше прекрасно да се види како учесниците успеваат да се изразат или едноставно да најдат песна која што сакаат да ја слушнат“, додал Хендерсон.

BrainGate BCI интерфејсот вклучува имплант со големина на аспирин, кој ги детектира сигналите поврзани со планираните движења произведени во моторниот кортекс на мозокот. Овие сигнали потоа се декодираат и се пренесуваат до надворешните уреди. Истражувачите на BrainGate и другите групи кои користат слични технологии покажале дека уредот може да им овозможи на луѓето да движат роботски раце или пак да ја вратат контролата врз сопствените екстремитети, и покрај тоа што ги изгубиле моторните способности поради болест или повреда, додава Science Daily.