Социјалната мрежа Instagram објави соопшти дека тестира нов дизајн на корисничките профили.
“Во следните неколку недели можеби ќе видите промени во горниот дел на вашите профили, вклучувајќи ги иконите, копчињата и начинот на кој управувате со табовите”, се наведува во постот на блогот.
Некои примери на потенцијални промени можат да се видат на фотографијата, а најмногу се истакнува редизајнот на бројот на следбениците, кои повеќе не се истакнати, односно, не се наоѓаат на врвот на профилот и се испишани со помал фонт. Twitter неодамна направи промени во iOS апликацијата, бидејќи компанијата смета дека треба да се приотизира “значајаната” конверзација на платформата, наместо фокусирањето на бројки. Instagram bez somnevawe мисли на автентичноста на својата платформа, па неодамна почна борба против лажните followers, коментари и лајкови.
Копчињата “Follow” и “Message” се едно покрај друго, а можат да се видат и заедничките следбеници, кога ќе кликнете на Following табот на другиот корисник. IGTV би можел да добие сопствен таб. За бизнис профилите, тука е Shop табот, со додатокот на копчиња како што се “Directions”, “Call” и “Start Order”.
Instagram константно работи на овие промени и ќе тестира различни комбинации во фази, во следните неколку седмици. Компанијата тврди дека ќе продолжи да експериментира со профилите и дека при тоа, ќе ги користи повратните информации од корисниците.