Вредноста на пет големи технолошки компании се стрмоглави во последните месеци и заедничката пазарна вредност на Facebook, Amazon, Apple, Netflix и Google падна за повеќе од билион долари.
Пред два и пол месеца, пазарната вредност на Apple и Amazon беше поголема од неверојатните билион долари и дел од аналитичарите најавуваа продолжување на незапирливиот раст и понатамошен пораст на пазарната вредност. Ако ја погледнеме ситуацијата на берзата денес, ќе видиме дека работите радикално се променија и дека пазарната вредност на Apple по вчерашното затворање на берзата изнесуваше околу 840 милијарди долари, додека Amazon е во уште полоша ситуација со пазарна вредност од “само” 730 милијарди долари и повеќе не е ни втора највредна компанија на светот, бидејќи пред неа изби Microsoft со вредност од 780 милијарди долари.
Големиот пад на вредноста не ги заобиколи ни другите бројни големи компании, а цената на тн. FAANG акции (се работи за пет популарни технолошки компании – Facebook, Amazon, Apple, Netflix i Google) падна за повеќе од билион долари во однос на нодамна најголемите вредности на овие компании. Најлошо од овие компании помина Amazon, чија пазарна вредност се намали за дури 280 милијарди долари, додека Apple и Facebook изгубиле 253 милијарди долари.
Голем пад забележа и Alphabet, мајчинската компанија на Google, чија вредност за неколку месеци се намали за 164 милијарди долари, додека Netflix помина најдобро од сите пет компании, иако и популарниот стриминг сервис забележа пад на вредноста од 67 милијарди долари.