Автономниот патен пакет (ATS) претставува комбинација на хотелска соба и автомобил. Хотелската соба на четири тркала е замисла на Стив Ли од Торонто, кој на пошироката јавност и ја претстави во април, асе смета дека ќе направи револуција во начинот на кој патуваме.
Ли вели дека неговиот хибриден концепт на автомобил, кој ја освои годинашната награда Radical Innovation, е комбинација од неговото искуство во дизајнирање хотели и футуристичка технологија.
“Иако дизајнерите на автомобилот се фокусираа на развивање на понапредни верзии на конвенционални возила, увидов потреба да ги спојам автомобилите со некој вид на архитектура”, вели Ли.
Оваа екстремно модернизирана верзија на камп возило е дизајнирана да ги превезува патниците на подолги релации, а ATS е опремен со многу елементи кои се наоѓаат во традиционалната хотелска соба: простор за спиење со анатомски душек, работен простор, мала кујна, тоалет и забавна зона за гледање филмови и играње игри.
Исто така, важно е да се истакне дека ова возило ќе виде само еден од составните делови на подвижниот хотел, чии соби ќе ги сочинуваат токму овие покретни возила, кои ќе можете да ги “одвоите” од хотелот, кога ќе сакате да тргнете на пат.
Овие подвижни хотлекси соби ќе се најдат во продажба во различни големини, за сместување на соло патници, парови или цели семејства, а возилото ќе го управува посебна апликација. Имено, патниците ќе изберат почетна и завршна точка на своите патувања, а можат да го програмираат возилото да запре кај продавница или ресторан.
Ли моментно го разгледува начинот на напојување на ATS. Примарно овој хибрид би требало да се напојува со електрична енергија, а како друга опција се наведуваат различните горива кои би овозможиле побезбрижно возење.
Предвидено е хибридите од овој тип во САД да можат да почнат да се користат до 2021. година, но инфраструктурата потребна за нивно пуштање во системот на јавни патишта нема да биде изгрдаена уште најмалку десет години, пишува CNN.
Поврзани артикли