Неодамна стана јасно дека Samsung полага големи надежи во Galaxy S10 да ги подобри финансиските перформанси на својата мобилна единица и очигледно зошто е тоа така. Извори на Wall Street Journal откриваат дека Samsung подготвува сериозна технолошка надградба на јубилејното издание во серијата Galaxy S10, откако планира да додаде во уредите поддршка на 5G мрежи, поголеми дисплеи и повеќе камери.
Изданието потврдува дека Samsung подготвува три варијанти на Galaxy S10 со дијагонали на екранот меѓу 5.8 и 6.4 инчи, кои ќе бидат претставени на настан кон средината на февруари. Заедно со ова, компанијата исто така подготвува четврта верзија на паметен телефон со кодно име „Beyond X“ , која ќе поддржува 5G мрежи. Овој телефон, кој ќе се појави во Кореја и САД напролет, ќе има 6.7‑инчен дисплеј и шест камери – две предни и четири на задниот панел.
Токму овој модел може да биде претставен на настанот во февруари, а пазарната премиера ќе зависи од подготвеноста на операторите да пуштат 5Г мрежи. Изданието пишува и дека компанијата веќе разговарала со „Verizon“ , „AT&T“ и „T-Mobile“ во САД и со големите корејски оператори за понудата на телефонот, но се уште нема финални решенија. Се разговара и за ексклузивен договор со „Verizon“.
Останатите три варијанти на Galaxy S10 се со кодни имиња „Beyond 0“ , „Beyond 1“ и „Beyond 2“ , а според сегашните планови секој од нив ќе има помеѓу три и пет камери. Следната година, исто така, очекуваме смартфон со екран на преклопување на Samsung, кој може да се нарекува Samsung Flex или Galaxy Flex.