Huawei ќе проба да го победи Samsung во војната за телефон на преклоп и тоа со поголем екран, кој (кога уредот ќе се отвори) има дијагонала од 8 инчи, за разлика од 7-инчниот кој го најави корејската компанија.
Флексибилниот екран ќе го обезбеди компанијата BOA, која стои и зад закривените OLED панели за Mate 20 Pro. Huawei веќе им го достави уредот на корејските оператори, пренесуваат локалните медиуми, за кои изворот инсајдер рече дека тоа не е прототип, ниту концепт на уредот:
“Не можеме да го откриеме точниот дизајн, спецификации, обрасци на користење… но е покомплетен отколку што се очекуваше”.
Huawei планира да го покрене својот прв телефон на свиткување како уред што поддржува 5G мрежи, само Кореја ќе има широка 5G мрежа во првата половина на 2019, кога Huawei би требало да го претстави овој уред.
Компанијата најверојатно ќе го објави уредот на Мобилниот конгрес во Барселона во февруари, а потоа ќе го пушти во продажба во периодот од април до јуни, по обемното тестирање на 5G мрежите.
Се уште нема ни збор за цените, но познато е дека надворешниот екран има дијагонала од 5 инчи, кога телефонот е во преклопена состојба, и 8 инчи кога внатрешниот дисплеј е отворен. Овие дијагонали се поголеми од оние на Samsung од 4,6 и 7,3 инчи.