Многумина сметаат дека Атлантида е само легенда, но, група експерти од Англија официјално тврдат дека откриле траги од оваа древна цивилизација, опишана од Платон. Истражувачите од британската компанија “Мерлин Бироуз” започнле со проучување на сателитски снимки од урнатини во морето во близина на брегот во југозападниот дел на Шпанија.
Историчарот Тим Акерс, кој го предводи тимот, вели дека Платон точно ја опишал локацијата на Атлантида. Тимот на Акерс е убеден дека откривањето на урнатини во морето се многу постари од сите оние досегашни сознанија за нив и најверојатно преставуваат дел од огромниот ѕид на пристаништето кое ја штитело Атлантида. Урнатините се наоѓаат недалеку од градот Кадиз , веднаш по влегувањето во Атлантикот од Гибралтарскиот теснец – каде Платон, всушност, ја постави Атлантида. Тука е шпанскиот национален парк Доњана, на местото каде што, според некои научници, постоело копно во морето.
Истражувачите не само што ги проучувале сателитските снимки, туку и работеле на самото место. И целиот процес на работа бил снимен на видео. Материјалот од урнатините излезе дека е засега непознат вид на цемент. Покрај тоа, на некои места урнатините биле покриени со зелено-сина патина, специјална античка мешавина.
Акерс вели дека Платон детално ја опишува патината што ги покрива зградите, структурата на градовите и храмовите што го сочинуваат овој комплекс. Собраните примероци се проучувани и во лабораторија во Модена, специјализирана за древни римски артефакти. Резултатите од тестовите покажаа дека возраста на пронајдоците е постара од римските и грчките, а тие се и пософистицирани.