Компанијата Facebook соопшти дека прави напредок во откривањето на говор на омраза, графичко насилство и други облици на кршење на правилата на социјалната мрежа, дури и пред корисниците да ги забележат и пријават ваквите содржини.
Во извештајот за спроведувањето на стандардите на компанијата, од Facebook велат дека во периодот од април до септември двојно се зголемило проактивното откривање на говор на омраза, во споредба со претходните шест месеци.
Исто така, се истакнува дека деактивирани се повеќе од 1,5 милијарди лажни наводи во изминатите шест месеци, во споредба со 1,3 милијарди во претходното полугодие.
Повеќето лажни наводи биле финансиски мотивирани, а не поради дезинформации, објави агенцијата АП.
Facebook има околу 2,3 милијарди корисници ширум светот.
Поврзани артикли