Компанијата HMD Global го претстави новиот достапен модел, а тоа е Nokia 106.
Телефонот е наменет за глобалниот пазар, поседува 1,8-инчен екран со резолуција 160х120 пиксели и одличен е за играње на популарната игра Snake. Останатите игри се на располагање во демо верзии и потребно е да се купат.
Во меморијата на телефонот е можно да се сместат до 2000 контакти и да се зачуваат до 500 SMS пораки. Батеријата ќе издржи целодневно користење, односно 15,7 часа активно користење и 21,9 денови во “stand by” режим. Ако го користите само FM радиото, батеријата ќе трае до 36 часа.
Nokia 106 го користи Series 30+ софтверот на Nokia, MTK 6261D процесор, има 4 MB меморија и 4 MB RAM. Тежоке 70 грама со батерија од 800 mAh, aа доаѓа до Micro USB полнач. Телефонот има и влеза слушалки и достапен е во две бои, темносина и светлосива.
Цените варираат зависно од пазарот и се движат околу 20 евра.