Глечерот го носи името B-46, по површина е три пати поголем од Менхетн и докажува дека глобалното затоплување, полека но сигурно, го менува изгледот на нашата планета.
NASA оваа недела објави фотографии од џиновскиот глечер, кој цитираме e „три пати поголем од Менхетн”. Снимките се направени како дел од операцијата IceBridge, а најинтересно е што до денес никој не го ни видел овој глечер. Научниците му да го дадоа името B-46. Џиновското парче мраз минатиот месец се одвои од глечерот Pine Island.
I spy with my little eye ? @NASA_ICE's Operation #IceBridge flew over an iceberg that is three times the size of Manhattan – marking the first time anyone has laid eyes on the giant iceberg. Learn more about our airborne survey to map Earth’s polar ice: https://t.co/ptYzPr14dY pic.twitter.com/9s8aZBg7Wv
— NASA (@NASA) November 14, 2018
Скриен џин
Pine Island е сместен на западниот дел на Антарктикот и е познат како „јасли” за глечерите, кои полека ги отпушта во Амундсеновото море. Загрижувачката промена која ја забележа NASA вклучува голем број нови глечери – директен резултат на глобалното затоплување.
Фотографиите се снимени минатата среда во текот на летот, кој беше извршен во склоп на долгорочната кампања на мерење и собирање примероци од морски мраз, глечери и посматрање на критичните подарчја на Земјиниот леден покрив.
Националниот центар за истражување на мраз, на 29. октомври процени дека површината на масивниот глечер B-46 изнесува 226,3 квадратни километри и потврди дека главниот глечер веќе некое време се крши.
Pine Island и блискиот глечер Thwaites го повишуваат морското ниво за околу еден милиметар годишно, известува NASA.