Гласините за новиот премиум телефон на корејскиот Samsung кружат веќе некое време. Досега можеше да се слушне и прочита дека следниот флегшип модел S10 ќе го поддржува 5G стандардот, ќе има три камери на задната страна и ќе поседува ултразвучен сензор за отпечаток од прстот вграден во самиот дисплеј.
Јужнокорејската корпорација неодамна најави и дека ќе го пригати трендот кој го покрена Apple со својот модел iPhone X, односно дека нивните следни уреди од Galaxy серијата ќе имаат засек, односно “notch” во врвот на екранот.
Бидејќи еден од претставените концепти на дизајнот на новите модели со Infinity екран беше без засек, се претпоставуваше дека баш тој е резервиран за Galaxy S10.
Сепак, изгледа дека тоа нема да биде случај.
This is Samsung's 10th Galaxy S | Concept pic.twitter.com/si7mU1Bd0y
— Ben Geskin (@BenGeskin) November 13, 2018
Samsung Infinity-U, -V, -O and New Infinity displays#SDC18 #NextGalaxy #GalaxyS10 pic.twitter.com/o2cbBwvGBZ
— Ben Geskin (@BenGeskin) November 7, 2018
Судејќи според твитот на познатиот дојавувач под псевдонимот Ice Universe, новите екрани означени со името “New Infinity” нема да бидат подготевни за производство до излегувањето на моделот S10.
Новата технологија која овозможува вградување на камерата под екранот се уште не е доволно “зрела”, па фотографиите снимени со таква камера се уште се многу матни.
Ова решение, изгледа, нема да биде подготвено се до 2020. година, објави Forbes.
The hidden camera technology under the screen is immature, and there is not enough light to reach the camera through the screen. The photos taken by the current camera are very blurred. This technology will not be realized until 2020.
— Ice universe (@UniverseIce) November 9, 2018
Few preliminary Galaxy S10 details:
– "Punch hole" style selfie cam cutout (sounds like Infinity-O display).
– Ultrasonic, in-display FPS
– Three rear cameras (standard/wide/tele)
– One UI over Android Pie— Evan Blass (@evleaks) November 13, 2018