Некоj софтвер мора да ги купите кога ќе му истече периодот за бесплатно користење, некоj е целосно бесплатен, а изгледа дека помеѓу овие две опции постои и сива зона која се нарекува Winrar.
Оваа програма на корисниците ќе им даде пробен период од 40 дена кој е бесплатен, а и после тоа има можност за бесплатна употреба.
И тоа не е никаква грешка, случајност или работа за која луѓето во оваа компанија не се свесни. Сè е направено сосема намерно и претставува дел од Winrar бизнис планот.
Winrar на луѓето им дава основни опции со благ притисок тие да се платат, а сите напредни опции ќе ги добиете откако ќе платите.
И тоа за компанијата е сосема во ред, бидејќи парите ги заработуваат од компании, а не од поединечни корисници.
Компаниите го купуваат овој клучен софтвер за да избегнат санкции или обвиненија поради илегално користење. А таа заработка е многу поголема од онаа која Winrar би ја имала од обичните луѓе кои повремено го користат дома за да компресираат фајлови.
На овој начин, компанијата ни дава бесплатно да го користиме нејзиниот софтвер и го прави релевантен и почитуван.
Ако земеме во предвид дека Winrar е претставен во 1995 година, неговата долговечност е јасен показател за тоа колку добро ја работи својата работа, а зошто да се поправа нешто што не е расипано?
Извор: Telegraf.rs