Ако се суди според оценките, ова е новата насока која ќе ја гледаме во ентериерот на новите автомобили
Инфо-забавен систем и што поголем „таблет“ во автомобилите денес за голем број корисници се првиот и најважен дел од опремата. Во иднина, екраните би можеле целосно да ги опседнат, особено ако заживее решението на финската компанија Kanatu.
Токму оваа компанија во категоријата „Концепт автомобили“, победила на натпреварот Automotive Brand Contest со револуционерниот 3D Toch Surface. Најкратко речено, станува збор за 3D обликувана површина чувствителна на допир, која отвора сосема нови можности во дизајнот на интерактивните екрани.
Освен што едно вакво решение овозможува атрактивен изглед, дополнително ќе ја подобри безбедноста на автомобилите. Повеќе нема да биде потребно да се погледне на екранот кога ќе се бара просторот за избор на одредена опција, туку корисникот ќе може да се ориентира со допир, исто како што беше и на системите без екран.
Извор: Index.hr
Поврзани артикли