Телевизиските спикери во Кина почнаа да ги менуваат со AI водител (ВИДЕО)

Овој виртуелен телевизиски водител ќе работи 24 часа дневно, цела година и без годишен одмор

Кинеската новинска агенција Xinhua пронајде решение со кое ќе се намалaт трошоците за новинари, односно телевизиски водители и ќе се зголеми ефикасноста. Во соработка со кинескиот пребарувач Soguo го развија првиот AI телевизиски водител на светот. Направени се две верзии – една за кинескиот пазар и еден AI водител кој зборува англиски јазик, а базирани се на вистински личности, односно водители.

Виртуелниот водител стана дел од новинарскиот оддел на оваа агенција, кој ги чита вестите за официјалната интернет страница и социјалните мрежи, а за него работното време не е проблематично, бидејќи може да работи 24 часа дневно цела година, без годишен одмор. Се што е потребно е да се уфрли текст во компјутерот и софтверот ќе го изговори тој текст, при што движењата на лицата и устата ќе го следат изговорениот текст, па искуството ќе биде речиси како вистинско – иако неговиот глас е благо роботски, па сепак е јасно дека не се работи за вистинско лице.

Во воведното видео, виртуелниот водител рече дека неуморно ќе работи на информирање на луѓето и ќе чита се што ќе му внесат во системот и додаде дека “се радува што на луѓето ќе им донесе целосно ново искуство на читање вести”.

Во разговор за BBC, Мајкл Вулдриџ рече дека овој водител, сепак, не изгледа целосно реално и прилично е тешко да се гледа подолго од неколку минути, бидејќи е потполно монотон. Исто така, напоменува дека луѓето често се врзуваат со водителите и нивната веродостојност и се сомнева дека некој ќе се поврзе со анимација која чита вести.