Освен со квалитетна храна, јапонски ресторан во градот Кјото гостите ги привлекува со иновативен начин на послужување.
Ако сте расположени за „ловење“ тестенини што пловат кон вас, тогаш овој ресторан е вистинското место за вас. Но, мора да бидете брзи и вешти, инаку тестенините ќе ви избегаат.
Домаќините им препорачуваат на гостите, пред да ги стават во омилениот сос, добро да ги истресат и да ја исцедат водата.