Huawei објави дека најновата верзија на корисничкиот интерфејс EmUI 9.0 прилагоден на Android ќе почне да се испорачува на девет телефони од 10. ноември. EMUI 9.0 е базиран на оперативниот систем Android 9.0 Pie, а покрај бројните нови функции кои ги имплементираше Google, ги содржи и новите функции како што се GPU Turbo 2.0, HiVision визуелното пребарување, Password Vault, Digital Balance dashboard и друго. EMUI 9.0 пристигнува и со функции базирани на вештачка интелигенција (AI).
Телефоните, кои ќе почнат да го добиваат EMUI 9.0 ажурирањето од 10. ноември ги вклучува моделите: Huawei P20, P20 Pro, Mate 10, Mate 10 Pro, Mate 10 Porsche Design, Mate RS Porsche Design, Honor 10, Honor View 10 и Honor Play. Изворите сугерираат дека објавата на софтверот ќе биде глобална.
Поврзани артикли