Засега Huawei Mate 20 Pro нема да се продава официјално во САД, но тоа не го спречи популарниот сајт iFixit да „ѕирне“ што има под неговите стаклени панели.
Смартфонот, кој е меѓу најимпресивните модели за оваа година со комбинацијата на куп интересни технологии, добива оценка 4/10 во однос на можноста за самостојна поправка од страна на корисниците.
Ова е помалку од 6/10 проценката за iPhone XS Max и iPhone XR, кои обезбедуваат малку полесен пристап до „скриеното во школката“.
iFixit наведува дека многу од компонентите на Mate 20 Pro се модуларни и можат да се заменуваат независно, а замената на батеријата бара само симнување на задниот капак и средната рамка која содржи намотки за безжично полнење, антената за NFC и LED блицот.
Изградбата користи само стандардни завртки од Philips и просечна количина лепак. Веб-страницата вели дека поради конструкцијата од типот „сендвич“ околу матичната плоча се користат пофлексибилни конектори и поправка на телефонот трае подолго.
Меѓу недостатоците се залепени предни и задни панели, што го зголемува ризикот од кршење и го отежнува почетокот на поправката.
Заедно со тоа, замена на екранот бара сериозно расклопување на телефонот и „борба“ со употребеното лепило, а освен тоа, кршење на екранот веројатно ќе доведе и до замена на сензорот за отпечатоци кој е вграден во него. Сензорот е произведен од „Гудикс“ и е оптички, што значи дека ја користи светлината на панелот за осветлување на прстот и правење на снимка.
Поврзани артикли