Научници дојдоа до сознанија дека во центарот на нашата галаксија има супермасивна црна дупка, близу соѕвездијата Стрелец и Скорпија, која е наречена Стрелец А.

Научниците ги анализирале податоците собрани со помош на големиот телескоп Гравити во Чиле. За силното инфрацрвено зрачење во тој предел од Млечниот Пат се знае од поодамна, но науката сега има докази дека нив ги создаваат гасовите што согоруваат таму, сметаат астрономите.

Тука гравитацијата е многу силна, и апсорбира се, па дури и светлината. Натрупаниот гас се движи со брзина еднаква на една третина од онаа на светлината, а најблискиот обрач, до кој тело може да се приближи до црната дупка, без таа да „го проголта“, се нарекува „највнатрешната стабилна орбита“. Токму овде се создаваат тие инфрацрвени блесоци.

– Исклучително впечатливо е да погледнеме како оваа материја кружи околу орбитата на црна дупка со околу 30 проценти од брзината на светлината, изјави Оливер Фул, професор на Институтот за астрофизика „Макс Планк“.

Овие откритија докажуваат дека оваа супермасивна црна дупка навистина постои. Уште повеќе, моментно се работи на тоа да се сними Стрелец А. Ако научниците успеат, тоа ќе биде првата снимка на црна дупка во историјата.