Откако беше претставен во август годинава, Xiaomi Pocophone F1 важи за еден од најдобрите мобилни уреди кога е во прашање односот помеѓу вложеното и добиеното, а од конкуренцијата се издвојува со ниската цена за одлични карактеристики.
Од друга страна, наспроти Android уредот од околу 300 евра, се наоѓа Apple со својата скапа XS линија, но и “евтиниот” iPhone XR, кој ги има сите карактеристики на XS серијата, освен двојната камера и OLED екранот.
Овој уред е повеќе од двојно поскап од Pocophone и има екран со помала резолуција. И покрај тоа, XR е прогласен за најисплатлив iPhone во овој момент, бидејќи со помалку компромиси го нуди речиси истото како и главниот годинашен флегшип телефон.
Прашањето на резолуцијата и квалитетот на екранот на iPhone XR го натера YouTube влогерот Џонатан Морисон да организира “двобој” помеѓу Pocophone F1 и новиот “евтин” iPhone.
Тој двата уреда ги залепи со непроѕирна лента и ги постави на подлога, со цел никој да не може да ги идентификува. Потоа на испитаниците им го пушти да го гледаат истиот видео запис на нивните екрани, за да одлучат кој приказ на екранот им изгледа подобро.
Pocophone F1 е опремен со 6,18-инчен IPS LCD екран со резолуција од 1.080 x 2.246 пиксели и 403 PPI. iPhone XR има 6,1-инчен IPS LCD дисплеј 828 x 1.792 пиксели, со густина од 326 PPI.
Овие карактеристики, меѓутоа, не значат многу при нормална употреба, па поради тоа е важно што самите корисници мислат за едниот и другиот дисплеј.
Погледнете како корисниците ги оценија екраните.