Мароко во близина на Рабат ја започна изградбата на кулата Мохамед VI, висока 250 метри, која би можела да ја носи титулата на највисок облакодер во Мароко и во Африка.
Зградата ќе има 55 ката и ќе се гради на десниот брег на реката Боурегрег во близина на главниот град на Мароко. Таа ќе биде финансирана од BMCE Bank, на мароканскиот милијардер Отман Бењелун.
,,Планот за изградбата е објавен во 2016 година и оттогаш се изведени подготвителните работи”, соопшти Бењелун.
Кулата ќе ја гради компанијата Бесикс од Белгија, која учествуваше и во изградбата на Бурж Калифа во Дубаи, како и кинеската фирма „CRCCI“ и мароканската „TGCC“.
Облакодерот ќе чини четири милијарди дирами или 367 милиони евра, според проценките на Мароко. Се очекува зградата да биде завршена во мај 2022 година. Во облакодерот ќе има канцеларии, станови, еден хотел, а на највисокиот спрат и опсерваторија.
Мароко започна проект наречен Рабат – град на светлината, кој предвидува голем број проекти на двата брега од реката, како Голем театар кој е проектиран од британско-ирачкиот архитект Заха Хадид и Дом на уметноста и културата.
Денес во Мароко се највисоки облакодерите на Мароко Телеком во Рабат – висок 139 метри и двете кули на Твин центарот во Казабланка – 115 метри.
Поврзани артикли