Истражувачите при Универзитетот во Минесота, во соработка со Латино, Сомалиското и Хмонг Партнерството за здравје и добросостојба претставиле нови докази дека микробиомот на имигрантите и бегалците брзо добива “западни карактеристики“ по пристигнувањето на едно лице во САД, пишува Science Daily.
Студијата за заедниците кои мигрираат од Југоисточна Азија во САД, објавенa во магазинот Cell, можат да обезбеди увид во некои од метаболичните здравствени проблеми, вклучувајќи ги и дебелината и дијабетесот, кои влијаат врз имигрантите во земјата.
“Утврдивме дека имигрантите почнуваат да ги губат своите вродени микроорганизми речиси веднаш по пристигнувањето во САД и потоа стекнуваат туѓи микроби кои се пак почести кај луѓето од Европа и Америка“, рекол авторот Дан Најтс, компјутерски научник и квантитативен биолог при Универзитетот во Минесота . “Но, новите микроби не се доволни за да се компензира губењето на вродените микроби, па затоа севкупно гледаме голема загуба на разновидноста“, додава тој.
Претходните истражувања покажале дека луѓето во земјите во развој имаат многу поголема разновидност на бактерии во микробиомот, односно корисните микроорганизми кои живеат во човечките црева, отколку луѓето што живеат во САД. “Но, она што беше впечатливо да се види беше дека оваа загуба на разновидност се случува кај луѓе кои мигрирааат од земја во развој во САД“, потенцира Најтс.
Истражувањето било спроведено со помош на голема заедница на бегалци и имигранти од Југоисточна Азија во Минесота, особено Хмонг и Карен, етнички малцинства кои потекнуваат од Кина и Мијанмар, а денес имаат заедници во и Тајланд.
Поврзани артикли