Tesla во иднина покрај различните модели на автомобили и камиони, веројатно ќе произведува и електрични велосипеди, но не и електрични ромобили.
„Мислам дека би можеле да направиме електричен велосипед, но не и ромобил. Некои луѓе сакаат да направат електричен ромобил, но јас реков не. Ми недостасува интегритет“ изјави Елон Маск во интервју за Recode.
Засега не е познато кога Teslа ќе создаде електричен велосипед, но Маск даде увид во се што се случуваше во Teslа во текот на оваа бурна 2018. година.
„Неверојатно е тешко да се направи една автомобилска компанија да биде успешна. Многумина се обидоа и многумина пропаднаа, дури и оние кои имаа бројни купувачи, застапници, сервисери и кои го потрошија својот капитал за изградба на фабрики. Два такви примера се GM и Chrysler. И сепак банкротираа при последната рецесија. Како стартап, автомобилска компанија, многу е потешко да се успее ако си и веќе познат бренд. Вистински апсурд е што Tesla е жива. Апсурд!“ смета Маск.
Тој призна дека настаните од годинава оставиле трага врз него, врз компанијата и врз работниците.
„Ова беше најтешка година во целата моја кариера. Се чувствувам како да остарев пет години“, рече Маск, но откри и што го мачеше најмногу.
„Моравме да исправиме грешки во производниот систем на Model 3, а ги имаше многу. Сите мораа да истапат и да помогнат, целиот тим“ додаде Маск.
За прв пат Tesla е профитабилна компанија, па логично е да се запрашаме што е во план за понатаму.
„Би сакал да направам суперсоничен електричен авион, кој ќе може да полетува и да слетува вертикално. Би било интересно да се направи нешто такво, но главата би ми експлодирала да се обидам тоа да го направам сега, иако за тоа размислувам последните девет години“ открива Маск.
Призна и дека не се гордее со некои работи што ги направил. „Веројатно не би ’твитал‘ некои работи. Тоа и не беше баш мудро и веројатно не би влегол во некои расправии на интернет. Веројатно не би требало да ги напаѓам и новинарите“ рече Маск.
Извор: Recode.net