Научниците од Универзитетот Вандербилт (САД) дошле до заклучок дека бројот на неврони во церебралниот кортекс на мозокот има поголем ефект врз долговечноста, отколку здравиот начин на живот и телесната маса.
Досега, главни фактори за долговечноста, според науката, беа телесната маса и метаболичката стапка. Сепак, се покажа дека ова функционира само во 20-30% од случаите. Во исто време, бројот на кортикалните неврони може точно да предвиди колкав е очекуваниот животен век во 75% од испитаните случаи.
Ова го објаснуваат со фактот дека церебралниот кортекс игра клучна улога во прилагодувањето кон животната средина и реагирањето на стресот.