Од социјалната мрежа Twitter се избришани над 10.000 лажни профили, од кои автоматски биле праќани пораки со повици за бојкот на изборите за американскиот Конгрес, што ќе се одржат во вторник.
„Отстранивме низа профили поради тоа што се обидуваа на автоматизиран начин да шират дезинформации, што претставува провреда на нашите насоки за работа“, потврди потпаролот на Twitter за Ројтерс.
Преку лажните профили биле објавувани информации кои требало да ги спречат избирачите да излезат на изборите за Конгресот во вторник, на 6 ноември.
Твитер месечно има 335 милиони активни корисници. Во кампањата за претседателските избори во САД, во 2016 година, Twitter затвори милиони профили преку кои беа ширени лажни вести со цел да и’ се наштети особено на кандидатката за претседател на демократите, Хилари Клинтон.
Поврзани артикли