Многумина од нас имаат голем страв од летање. Постојат неколку совети како да се смирите доколку треба да патувате со авион, кои веруваме дека ќе ви помогнат.
Подгответе се
Пред летот испробајте неколку техники за смирување кои може да ја намалат вашата анксиозност – менталната подготовка е клучот. Имајте на ум дека вашите стравови не се реални. Шансите да ви се случи несреќа се многу мали, а медитација или некаква терапија за смирување ќе ви помогне да се ослободите од црните мисли. На пример, може да се прашате себеси какви докази имате за да можете да тврдите дека нешто ќе тргне на лошо.
Не гледајте и читајте вести
Благодарениe на интернетот секојдневно сме изложени на голем број лоши вести. А кога ќе се случи авионска несреќа, следат низа вести кои ја следат приказната па некогаш имате чувство дека и вие сте дел од неа. Доколку се спремате за патување со авион, неколку дена пред тоа избегнувајте да гледате или да читате вести за вакви моменти.
Дистракција
Кога се подготвувате за лет, обезбедете си доволно забавни работи кои ќе ви го одвлечат вниманието. За почеток една интересна книга може многу да ви помогне да се опуштите и да летнете со умот на друго место. На летот може да си понесете слушалки, да си ја пуштите омилената музика и да затворите очи замислувајќи дека сте на друго место кое го сметате за сигурно.
Дишете
Една од најносновните техники за смирување е контролирано дишење. Иако тоа не го забележуваат, многу нервозни патници почнуваат да дишат забрзано или да дишат многу плитко со што само се влошува чувството на анксиозност. Доколку се плашите од паничен напад во авион, оваа техника ќе ви помогне првенствено да не дојде до него.
Поврзани артикли