Кинеската компанија Nubia го претстави новиот смартфон X, кој има екрани на предната и на задната страна. Телефонот има LCD екран со дијагонала од 6.26 инчи кој зафаќа дури 93.6% од предната страна на телефонот. На задната страна се наоѓа OLED екран со дијагонала од 5.1 инчи и резолуција од 720×1520 пиксели, па нема потреба телефонот да има предна камера.
Доколку сакате да направите селфи фотографија, ќе фотографирате со камерата на задната страна и пред вас има екран на кој ќе може да се гледате додека се фотографирате. Ова е голема предност за да се избегне засек на екранот на предната страна.
Телефонот има одлични спецификации, па го користи засега последниот процесор на Snapdragon – 845 со 6/8GB работна меморија, 64/128GB внатрешна меморија и има батерија со капацитет од 3800mAh. Телефонот го користи Android 8.1 но бидејќи е наменет за кинескиот пазар, ги нема вградено апликациите на Google.
Телефонот има по еден сензор за отпечатоци на двете страни па нема да имате проблем како ќе ви биде завртен телефонот при отклучување. Nubia засега не планира да го продава телефонот надвор од Кина, а цената е 3299 јуани, односно околу 473 долари.
Поврзани артикли