Флексибилните телефони само што станаа реалност. Компанијата од Калифорнија, Royole го претстави FlexPai – првиот мобилен уред на светот со екран што се превиткува.
Кога е целосно расклопен, FlexPai е 7,8-инчен таблет со однос на страници 4:3. А кога е свитка, големината на екранот се намалува на околу 4 инчи.
Се работи за AMOLED екран кој може да се свитка на средина, така што не е можно да се расклопи на некој друг начин.
Неговиот софтвер, наречен Water OS (под кој функционира Android), препознава кога тоа ќе го направи корисникот, па тогаш гаси половина од екранот и прикажува содржина само на едната половина која се користи во дадениот момент.
На една од половините, корисникот има на располагање нешто поголем екран, па логично е дека ќе ја користи токму таа половина. Причина за тоа е што втората половина содржи дуал камери од 16 + 20 мегапиксели, од кои вториот сензор е од телефото, така што уредот би требало да има сосема пристојни можности кога е во прашањето снимањето на фотографии и видеа.
Кога е расклопен, дебелината на FlexPai изнесува само 7,6 милиметри. Меѓутоа, кога ќе се преклопи, подебел е од 15,2 милиметри, бидејќи не може да се превитка во целост.
https://youtu.be/ZjdGhHLQIH4