Пред околу десет милијарди години, Млечниот Пат се споил со голема галаксија, а ѕвездите од овој партнер, наречен Гаја-Енцеладус, го сочинуваат најголемиот дел од ореолот на Млечниот Пат, пишува Science Daily. Описот на ова мега-спојување, откриен од меѓународен тим на астрономи при на Универзитетот во Гронинген, сега е објавен во научното списание Nature.
Големите галаксии како нашиот Млечен Пат се резултат на спојување на помали галаксии, а прашање е дали галаксија како Млечниот Пат е производ на многу мали спојувања или пак на неколку големи. Професорот по астрономија на Универзитетот во Гронинген, Амина Хелми, поголем дел од својата кариера трага по “фосилите“ на нашиот Млечен Пат, нешто што може да понуди нови знаења за неговата еволуција.
Хелми ги користи хемискиот состав, позицијата и траекторијата на ѕвездите во ореолот за да ја дознае нивната историја и со тоа да ги идентификува спојувањата кои го создале раниот Млечен Пат.
Податоците кои беа објавени од сателитската мисија “Гаја“ во април минатата година овозможи податоци за околу 1,7 милијарди ѕвезди, а Хелми учествува во развојот на мисијата Гаја веќе дваесет години. Таа сега ги користела податоците за да бара траги од спојувања во ореолот: “Очекувавме ѕвезди од споени сателити во ореолот. Она што го не очекувавме, пак, беше да најдеме повеќето ореолни ѕвезди всушност имаат заедничко потекло, од едно многу големо спојување“, потенцира таа.
Поврзани артикли