На ридот опкружен со вулкани будистите го изградија Боробудур, светилиште што многумина го сметаат за осмото чудо на светот.
По силниот земјотрес на Јава во 1548 година, големата пирамида била со векови покриена со вулкански пепел, земја и тропска вегетација. Комплексот храмови Боробудур е најголемото светилиште во Југоисточна Азија и се наоѓа на еден рид во долината Кеду, опкружен со четири вулкани.
Се верува дека храмот бил изграден помеѓу 750 и 850 година, а до денес не е познато како градежниците го правеле тоа поради недостиг на машини потребни за изградба на такво здание.
Пирамидата или, како што некои тврдат, лотосот се состои од пет концентрирани квадратни тераси, три кружни платформи, а на врвот се наоѓаат 72 куполи во форма на ѕвоно, што го симболизираат Буда.
Најзначајната индонезиска атракција се протега на површина од 2.520 квадратни метри, а Унеско ѝ даде статус на светско културно наследство.
Поврзани артикли