Samsung Galaxy S9 доаѓа со целосен мултитаскинг како кај десктоп и лаптоп компјутерите
Galaxy S9 се испорачува со поддршка за функцијата за работа со повеќе прозорци, но според зададените поставки таа е исклучена. Достапен е начинот на работа со поделен екран, односно да може да работите на две апликации истовремено. Функцијата се активира со притискање на копчето за префрлање меѓу апликациите и со повлекување на некоја од апликациите во полето кое овозможува поделен екран (split view).
Целосната мултитаскинг моќ на смартфонот можете да ја отклучите ако одите во Поставки (Settings) – Напредни функции (Advanced features) – Повеќе прозорци (Multi window). Вклучете ги двата прекинувачи во ова мени. Горниот прекинувач овозможува моментно покренување на поделениот екран со подолго притискање на копчето за прегледување.
Со притискање на копчето за префрлање меѓу апликациите и со повлекување на некоја од апликациите во полето за Pop-up view, апликацијата се сместува во прозорец што лебди над целиот екран. Повлечете надолу од горниот лев или десен агол за да ја намалите апликацијата во движечкиот прозорец. Можете да отворите повеќе апликации истовремено и да ги минимизирате на лебдечки икони.
Прилагодба на Edge панелите
Galaxy S9 ја поседува Samsung алатката Edge Panel кој со се појавува со повлекување на прстот на десната страна на закривениот дел од екранот. Ако сакате можете да го исклучите, но подобро е да го прилагодите Edge панелот да биде уште покорисен.
За да ги извршите овие промени, отворете Поставки (Settings) – Екран (Display) – Edge екран (Edge screen) – Edge панели (Edge panels). Оттука можете да го промените редоследот на панелите и содржината која ја прикажуваат. Посебно внимание треба да обрнете на плочата со апликации која вклучува избор на Samsung апликации. Внимавајте да ги замените со апликациите кои најмногу ги користите и сакате брзо да им пристапите.
Поврзани артикли