Xiaomi го претстави новиот смартфон Mi Mix 3, најновиот член на серијата флегшип паметни телефони.
Се работи за уште еден врвен кинески уред со екран кој ја зазема речиси целата предна страна, а тоа е постигнато со помош на лизгачки механизам кој ги содржи предните камери, поради што бил непотребен засек на екранот.
За разлика од Vivo Nex и Oppo Find X, механизмот не го покренуваат мотори, туку дизајнот е близок е до старите лизгачки телефони.
Претходниоте два Mi Mix смартфона беа обиди на Xiaomi рамките околу екранот да бидат што е можно потенки. Xiaomi тврди дека екранот зазема 93,4 проценти од предната страна, а брадата на дното на уредот е потенка речиси за 4,5 милиметри во однос на Mi Mix 2S.
Mi Mix 2 доби 6,4-инчен OLED екран со 1080p резолуција, поседува четири камери, по две напред и одзади.
Од задната страна се наоѓаат телефото и камерата со широк агол од по 12 мегапиксели, додека однапред се сместени камери од 24 и 2 мегапиксели кои ги крие лизгачкиот механизам. На задната страна е сместен е сензорот за отпечатоци од прсти. Уредот доби Snapdragon 845 процесор и со 10 GB RAM постави нова граница. Во пакетот доаѓа и безжичен полнач од 10 W, a смартфонот може да се полни и преку USB-C.
Mi Mix 3 чини најмалку 420 евра, а се работи за модел со 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија. Моделот со 8 GB RAM и 128 GB меморија ќе чини 450 eura, додека за третиот модел со 8 GB RAM и 256 GB ќе биде потребно да се издвојат 505 евра. Специјалната верзија “Forbidden City Palace Museum” која доаѓа со 10 GB RAM и 256 GB интерна меморија ќе чини 630 меморија.
На купувачите смартфонот ќе им биде понуден во Jade зелена, Sapphire сина и Onyx црна боја, со тоа што специјалната верзија ќе има поинаква нијанса на сина боја. Продажбата почнува кон крајот на ноември.
Поврзани артикли