Facebook ja стартува редизајнирана верзија на Messenger која го враќа фокусот на едноставноста и допишувањето, наместо на ботовите, игрите, плаќањето и другите работи кои го одвлекуваат вниманието од неговара вистинска намена.
Додека сите дополнителни опции и натаму ќе бидат присутни на популарната апликација, тие воглавно ќе бидат скриени на местата каде што можете сигурно да ги игнорирате.
Новиот Messenger и натаму ги промовира своите бизнис цели низ апликацијата, но во целост се врати во времето кога апликацијата беше лесна за користење и кога служеше само за допишување.
“Messenger е навистина моќен, но како што сега стојат работите, не можеме да кажеме дека е едноставен”, изјави Давид Брегер, продукт менаџер на апликацијата.
Say ? to the new Messenger. Starting today, we're rolling out a new, simplified design to make it easier to connect with the people you care about most.Learn more: https://messengernews.fb.com/2018/10/23/say-hello-to-the-new-messenger-introducing-messenger-4/#simplyMessenger
Posted by Messenger on Вторник, 23 октомври 2018
Messenger верзија 4 ја упростува корисничката интерфејс апликација и го намалува бројот на табови од девет само на три. На овој начин, апликацијата ја задржува функционалноста која ја имаше. Ви се допаѓало или не, но сега сè е организирано на значително попрост начин.
Chat табовите сега содржат еден на еден и групни разговори, но и помала икона од камерата како би можеле да фотографирате и да снимате видео за споделување.
Уште еден новитет е People tab кој ќе Ви покаже кој е моментално приклучен.
Третиот таб Discover е уредно место на кое се собрани сите функции на Messenger кои веројатно досега сте ги избегнувале, како што е поврзување со брендови и компании, играње инстант игри, вести и така натаму.
Поврзани артикли