Германската влада ги предупреди своите државјани да бидат внимателни при користењето на социјалните мрежи во Турција.
Граѓаните се предупредени дека е ризично да ја критикуваат турската влада на социјалните мрежи, јави АП.
Во одделни случаи е доволно да објавите или да лајкнете коментар за да влезете во неволја, соопшти Министерството за надворешни работи.
Наведено е дека Германците треба да водат сметка и дека нивните приватни коментари може да бидат предмет на анонимна пријава, која може да предизвика кривична пријава во Турција.