Во Токио се одржа Светска изложба по роботика. Целта на настанот е да ни го претстави заедничкиот свет на луѓето и роботите, истакнуваат организаторите.
Еден од моделите, на пример, демонстрираше самостојно извршување тешка физичка работа.
– Се надеваме дека овој вид роботи ќе ги замени луѓето во дејности како што се конструирање авиони и бродови, изјави д-р Кенџи Канеко, учесник на изложбата.
Некои роботи работат самостојно, а некои пак, со помош на далечинско или компјутерско управување.
Годинава на Светската изложба за роботика беа претставени технолошките новитети на над 90 компании и организации.