Сервисите како Netflix и YouTube ја прават нашата забава полична, а уредите како Alexa ни го контролираат домот со гласовни команди. Но, сте помислиле ли некогаш колку податоци тие знаат за Вас и Вашите блиски? Се прашувате ли каде се чуваат личните информации, колку се безбедни, или како домашните уреди комуницираат меѓу себе и со Вас? И во иднина, колку дневната соба ќе знае за Вас?
Илија Тирицовски (Македонија) и Младен Ракоњац (Црна Гора) беа дел од конкурсот што го организираше Британски совет во ноември 2017 г, и тие освоија тринеделна посета во Обединетото кралство за да можат да ја остварат нивната идеја за идното искуство при гледање телевизија. Нивниот финален производ „Дневната соба од иднината“ е кратко интерактивно филмско искуство што ќе биде претставено за време на PlayUK Arcadia 2018 во Скопје. Ако сакате да дознаете повеќе за концептот и технологијата зад овој проект, претставници на партнерските институции на овој проект ќе одржат работилница. Апликацијата можете да ја најдете овде .
Ова е истражувачки проект создаден преку проектот Потопени предмети на Советот за уметност и хуманистичко истражување (АХРЦ). Ова дело е соработка меѓу FACT, Би-Би-Си, Универзитетот Ланкастер, Универзитетот Нотингам и Универзитетот Јорк. Дополнителна поддршка дадоа Британскиот совет и истражувачкиот проект PETRAS на EPSRC, Истражувачки центар за кибер безбедност за интернет на работи.