Vertu е добро познато име на љубителите на смартфони и само пред неколку години беа најпопуларен бренд во премиум сегментот. Компанијата е позната по луксузните уреди, изградени од издржливи и скапи материјали, произведени во лимитирана серија. Огромната конкуренција и финансиски проблеми, сепак се одразија негативно на бизнисот на Vertu кои минатата година официјално поднесоа барање за стечај. Популарниот бренд, сепак е подготвен да се врати со полнa сила, пренесоа TechSpot.
Луксузниот производител одржа специјален настан во Кина, на кој официјално го претстави својот нов елегантен модел. Неговото име е Vertu Aster P и е развиен рачно од премиум материјали во производствените капацитети на компанијата во Велика Британија. Самиот дисплеј е изграден од 133-каратно кристално стакло од сафир, а куќиштето има титаниумска рамка со сертификат Grade 5, што гарантира луксузен дизајн и максимална цврстина. Целиот грб е во природна кожа од крокодил.
Техничките спецификации вклучуваат Qualcomm Snapdragon 660 процесор, 6GB RAM, 128GB меморија и Android Oreo. Екранот e со 4.9-инчна дијагонала и поддржува Full HD резолуција oт 1920х1080 пиксели, а батеријата е со полнеж од 3200mAh. Vertu Aster P, како и нивните претходници не е развиен за обични корисници. Премиум материјалите и рачната изработка се причината за високата цена, која во случајот е 5.000 долари. Компанијата веќе даде старт на преднарачките.